Француската Влада ќе обезбеди 15 милијарди евра (16,9 милијарди американски долари) за поддршка на авио-индустрија во земјата, која е погодена од ограничувањата за патување наметнати заради пандемијата на коронавирусот. Тоа го изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер.
– Прогласуваме вонредна состојба за да ја спасиме нашата индустрија за воздушна пловидба за да може да биде поконкурентна, рече Ле Мер на прес-конференција во Париз.
Планот опфаќа 1,5 милијарди евра за да се поттикне истражување за идниот „авион без јаглерод“, додаде тој.