четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француските власти запленија јахта на руски милијардер 

Француските власти запленија јахта на руски милијардер 

Француските власти соопштија дека, како дел од санкциите на Европската унија поради рускиот напад врз Украина, ја заплениле јахта поврзана со Игор Сечин, извршен директор на рускиот нафтен гигант Роснефт и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Француското Министерство за финансии соопшти дека царинските органи извршиле контрола на јахтата „Аморе Веро“ во медитеранското одморалиште Ла Сјота.

Јахтата пристигна во Ла Сјота на 3 јануари на поправка и требало да остане до 1 април.

Кога француските цариници дошле да ја прегледаат јахтата, нејзиниот екипаж се подготвувал за итно испловување, иако поправката не била завршена, се вели во соопштението.

Јахтата е запленета за да се спречи нејзино заминување.

Во соопштението се наведува дека бродот е во сопственост на компанија чиј главен акционер е Сечин, кој е извршен директор на рускиот нафтен гигант Роснефт. (МИА)