понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција: До 35.000 смртни случаи поради жештините од 2014 година

Франција: До 35.000 смртни случаи поради жештините од 2014 година

Од 2014 година, меѓу 30.000 и 35.000 луѓе починале во лето во Франција поради жештините, соопшти денеска француската Агенција за јавно здравје.

Овие бројки, како што се посочува, не се поврзани само со периоди на екстремна топлина.

„Треба да се забележи дека значителен дел од тие смртни случаи се луѓе помлади од 75 години“, соопшти француската здравствена агенција.

Таа е една од првите агенции што ја процени врската меѓу топлината и смртноста во земјата во последните години во контекст обележан со можните последици од глобалното затоплување.