вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Франција ја разгледува можноста за продолжување на употреба на реакторите уште 60 години

Франција ја разгледува можноста за продолжување на употреба на реакторите уште 60 години

Француското претседателство денеска одобри да се разгледа можноста за продолжување на животниот век на нуклеарните реактори до 60 или повеќе години, доколку дозволуваат безбедносните прописи.

Информацијата уследи откако претседателот на Франција, Емануел Макрон претседаваше со првиот од низата состаноци за нуклеарна политика.

Макрон претходно ги објави плановите за изградба на најмалку шест нови реактори до 2050 година.

Франција околу 70 отсто од потребата за електрична енергија ја добива од нуклеарните централи.