четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фредериксен: Данска привремено ќе го зголеми производството на гас од Северно Море

Фредериксен: Данска привремено ќе го зголеми производството на гас од Северно Море

Данската Влада денеска соопшти дека значително ќе го зголеми домашното производство на гас во полињата во Северното Море за што поскоро да се ослободи од зависностите од снабдувањето од Русија.

„Ќе го зголемиме производството на природен гас во Северното Море за ограничен временски период“, изјави пред медиумите данската премиерка Мете Фредериксен.

„Убедени сме дека е подобро да се произведува гас во Северното Море отколку да се купува од (рускиот претседател) Владимир Путин“, рече таа.

Таа изрази уверување дека со производството во Северното Море, Данска би можела веќе следанта година да стане „де факто“ независна од рускиот гас.

„Но, бидејќи сме дел од европската гасоводна мрежа, ни требаат и други земји да станат независни“, додаде Фредериксен.

Владата во Копенхаген истовремено претстави планови за драстично зголемување на производството на енергија од обновливи извори, како што се ветерот и сонцето и воведување единствен данок на јаглеродните емисии за компаниите.

Целта на Владата е за осум години четирикратно да го зголеми производството на соларна електрична енергија, како и енергијата добиена од ветернците.

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Европа дека може да остане без руски гас доколку истиот не го плати во рубли.

Западните земји воведоа санкции за руските банки, па затоа не можат да вршат трансакции во странска валута.

Затоа Москва одреди купувачите од „непријателските земји“ кои воведоа санкции кон Русија да плаќаат гас во договорената валута, обично долари и евра, преку банка посредник во Русија. Банката потоа ги продава на аукција на Московската берза и ги исплаќа на сметката на производителот.  (МИА)