петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Генералниот секретар на НАТО доаѓа во Турција на разговори за прием на Шведска и Финска во Алијансата

Генералниот секретар на НАТО доаѓа во Турција на разговори за прием на Шведска и Финска во Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска пристигнува во тридневна посета на Турција, каде што ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Столтенберг денеска ќе разговара со Чавушоглу по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Генералниот секретар на НАТО в петок ќе има средба со турскиот претседател.

Се очекува разговорите да бидат фокусирани на процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО и настаните поврзани со руско-украинската војна. Пред посетата на Турција, генералниот секретар на НАТО имаше телефонски разговори со премиерката на Финска, Сана Марин и со премиерот на Шведска, Улф Кристерсон.  (МИА)