сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Генералното собрание на ОН усвои резолуција за заштита на цивилите во Украина

Генералното собрание на ОН усвои резолуција за заштита на цивилите во Украина

Генералното собрание на Обединетите нации денеска со големо мнозинство усвои резолуција со која се бара пристап до помош и заштита на цивилите во Украина и ја критикуваше Русија за создавање „тешка“ хуманитарна ситуација.

Резолуцијата, подготвена од Украина и нејзините сојузници, доби 140 гласа „за“ и пет „против“ – Русија, Сирија, Северна Кореја, Еритреја и Белорусија.

Како што се наведува, 38 земји беа воздржани од гласањето. (МИА)