понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Генералот Пол Накасоне номиниран за директор на НСА

Генералот Пол Накасоне номиниран за директор на НСА

Претседателот на САД, Доналд Трамп го номинираше генералот Пол Накасоне за директор на Агенцијата за национална безбедност (НСА), соопшти на Твитер специјалниот помошник на претседателот Роб Џојс.

По номинацијата, втор филер е Сенатот, каде се очекува неговиот избор да биде одобрен. Истовремено, генералот Накасоне ќе ја предводи и воената Киберкоманда на САД.

Џојс за Накасоне рече дека е „исклучителен лидер“, со големо искуство во гарантирањето на кибер безбедноста.

Актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност и шеф на воената киберкоманда, адмирал Мајк Роџерс во јануари соопшти дека на пролет планира да поднесе оставка по четири години минати на таа функција.