Оружјето што Германија го вети за Украина како помош во борбата против Русија е предадено, изјавија владини извори за ДПА.
Германската влада во саботата најави дека ќе ги поддржи украинските вооружени сили со 1.000 парчиња анти-тенковско оружје и 500 „стингер“ ракети земја-воздух.
Ваквата одлука е голем пресврт за германската политика, бидејќи Берлин долго време држеше став дека нема да им се придружи на другите НАТО сојузници во испраќањето обиствено оружје во Украина.