Германија ја зголемува својата хуманитарна помош за оние што имаат потреба во Авганистан за 500 милиони евра (587 милиони долари), соопшти германската канцеларка Ангела Меркел, по виртуелната средба со нејзините колеги од Г-7.
Германската Влада пред неколку дена веќе вети 100 милиони евра итна помош за грижа за бегалците во и околу Авганистан, што ќе се обезбедат преку организации за хуманитарна помош.
Новите 500 милиони евра се дополнување на претходната сума, јави ДПА.