Германската Влада денеска најави нов пакет воена помош за Украина, кој е вреден 700 милиони евра.
Пакетот вклучува два системи „Патриот“ од залихите на Бундесверот, 40 дополнителни пешадиски борбени возила „Мардер“, 25 дополнителни главни борбени тенкови „Леопард 1 А5“, како и пет оклопни транспортери „Бергепанцер“ 2, соопшти германското Министерство за одбрана.
Се додава дека помошта вклучува и дополнителни 20.000 парчиња артилериска муниција и 5.000 димни гранати од 155 милиметри.
„Новиот пакет ги исполнува „приоритетите на Украина: противвоздушна одбрана, тенкови, артилерија… со него даваме важен придонес за зајакнување на отпорноста на Украина“, се вели во изјавата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.