недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија: Напаѓач уби 8лица во близина на Франкфурт, полицијата го пронајде мртов во неговиот дом

Германија: Напаѓач уби 8лица во близина на Франкфурт, полицијата го пронајде мртов во неговиот дом

Напаѓачот кој пукаше и убил осум лица синоќа во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт, денеска е пронајден мртов во неговиот дом. Тоа го објави полицијата во покраината Хесен на Твитер.

Специјалните полициски сили пронајдоа уште еден труп во домот. Истрагата е во тек. Се уште нема информации за други сторители, се вели во соопштението.

Засега нема информации за мотивите на напаѓачот.

Претходно, локалната полиција соопшти дека во пукањето има пет лица тешко повредени.