понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германската министерка Бербок ја прекина посетата на Пакистан по позитивен Ковид тест

Германската министерка Бербок ја прекина посетата на Пакистан по позитивен Ковид тест

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок доби позитивен тест на коронавирус веднаш по почетокот на нејзината посета на Пакистан, изјави денеска портпаролот на Министерството.

По посетата на Пакистан, Бербок требаше да отпатува во Грција и Турција.

Бербок добила позитивен тест по ручекот, откако забележала дека го изгубила чувството за вкус, соопшти нејзиното Министерство. Се додава дека брзиот антиген тест, што го направила утрото бил негативен, пренесува Дојче веле.

Министерката веќе имаше разговори со нејзиниот колега Билавал Буто Зардари, кои беа фокусирани на билатералната соработка и регионалните предизвици, вклучително и ситуацијата во Авганистан.