понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германски суд го одби барањето за враќање на Пуџдемон во притвор

Германски суд го одби барањето за враќање на Пуџдемон во притвор

Германски суд денеска го одби барањето на Јавното обвинителството за повторно притворање на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон, до носењето конечна одлука по барањето за негова екстрадиција во Шпанија.

Каталонскиот лидер беше пуштен од притвор на 6 април по одлука на Судот дека не може да биде испорачан поради бунт, но Обвинителството во Шлезвиг-Холштајн побара негово повотрно апасење, нагласувајќи дека добило нови информации од шпанските власти за обвинувањата против него.

Ваквото барањето сепак беше одбиено од страна на Судот.

Канцеларијата на германското Обвинителство денеска соопшти дека веќе ги подготвува документите за екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија.

Пуџдемон избега во Брисел на крајот на октомври минатата година, по референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија и одлуката на каталонскиот Парламент за прогласување независност на регионот.

На 25 март, тој беше уапсен во Германија на пат од Финска за Белгија, откако шпанскиот Врховен суд издаде европска потерница по него под обвинение за бунт, поттикнување на бунт и злоупотреба на службена должност. Во моментов, Пуџдемон е во Германија, каде што е ослободен од притвор со кауција од 75.000 евра.

(Миа)