недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германските болници имаат недостиг на персонал поради коронавирусот

Германските болници имаат недостиг на персонал поради коронавирусот

Болниците во Германија се соочуваат со тоа што се поголем број персонал отсуствува поради зараза со коронавирус или поради потребата за престој во карантин.

Претседателот на Здружението на болници, Гералд Гас за германските медиуми изјави дека болниците повеќе не се во можност да понудат целосна медицинска нега.

Актуелните истражувања покажуваат дека 75 отсто од болниците веќе не се во можност да ги нудат своите вообичаени услуги, а причината е недостигот на персонал поради заразеност со коронавирус, карантин или поради контакт со пациенти.

Истовремено, има рекордна пополнетост на болничките кревети со ковид пациенти на одделенијата.

-Се предвидува дека ситуацијата нема да биде подобра во наредните недели. Единствено позитивно е што нема зголемување на бројот на пациенти на интензивна нега, објасни Гас.