вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гермнаија ја третира речиси цела Шпанија за ризичен регион од новиот коронавирус

Гермнаија ја третира речиси цела Шпанија за ризичен регион од новиот коронавирус

Германија ја прогласи речиси цела Шпанија, вклучувајќи го и туристичкиот остров Мајорка, за регион под ризик од коронавирус по зголемувањето на случаи на заразени.

Тој потег е удар врз надежите дека брзото закрепнување на масовниот туризам по неколкумесечна пауза ќе го запре ширењето на вирусот, пишува „Гардијан“.

Германскиот весник „Билд“ претходно објави дека Мајорка е додадена на списокот со високоризични региони објавен од Институтот за јавно здравје Роберт Кох.

Тоа значи дека луѓето кои се враќаат од тие области ги чека тест за коронавирусот и/ или двонеделен задолжителен карантин.

Бројот на случаи во Шпанија се зголеми во последните денови откако блокадата на земјата беше укината пред седум недели.