среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Продолжува потрагата по пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија

Продолжува потрагата по пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија

Спасувачките екипи од Крајбрежната служба на Грција и денеска, во море, на копно и од воздух, продолжуваат со потрагата на пилотот и приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, подрачјето што беше зафатено од невреме, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во потрагата по единствениот патник во хеликоптерот, 69-годишниот пилот, учествуваат четири патролни чамци, две патролни возила од копно, по еден хеликоптер од военото воздухопловство и воената морнарица, два чамци и морско такси.

Вчера околу 10 часот наутро, хеликоптерот полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија.

Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“, што предизвика проблеми и материјална штета не само на Евија, туку и во поширокиот регион на областа Магнисија и градот Волос.

Според Противпожарната служба на Грција во Магнисија, од пладневните часови во средата заклучно до денеска примиле 1.820 повици за помош, а 312 лица биле пренесени на безбедни локации.