Пред 25 години Ричард Хогланд ја остави сопругата Линда и двете деца. Потрагата по него не вроди со плод, па е прогласен за мртов во 2003 година.
Тој меѓутоа започнал нов живот под името Тери Симански и повторно се оженил и добил дете. Го зел името на еден рибар кој починал во 1991 година.
Меѓутоа, Ричард неодамна се појави на сослушувањето поради алиментација. Сумата која му ја одреди судијата изнесува 1,86 милиони долари.
Приказната за него стигна на насловните страници 2016 година кога е уапсен во Зеферлис каде живеел со новата сопруга.
Ричард бил осуден поради кражба на идентитет во мај 2017 година, а потоа се вратил во Индијана. Наредниот месец повторно завршил на суд кога Линда побарала да се исплатат парите за алиментација која не ја плаќал од денот кога ги напуштил синовите, Метју и Далас, кои тогаш имале 6 и 9 години.
За да се извлече, тамошните медиуми наведуваат дека се појавил прилично скромно облечен, но таа тактика не му успеала.
Но, дали оштетата ќе биде платена останува да се види, зошто целиот негов имот е даден како влог и за разводот од новата сопруга на Флорида.