понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гинеколог сексуално вознемирувал студентки, го стигнува казна која цел живот нема да може да ја плати

Гинеколог сексуално вознемирувал студентки, го стигнува казна која цел живот нема да може да ја плати

Универзитетот во Јужна Калифорнија, денеска, објави дека начелно постигнал договор да плати 215 милиони долари отштета поради гинеколог што повеќе години сексуално вознемирувал студентки.

Во соопштение потпишано од директорката на Универзитетот, Ванда Остин, се наведува дека договорот подразбира надомест од 2.500 до 250.000 долари за сите студентки што тврдат дека гинекологот сексуално ги вознемирувал, пренесе агенцијата АП.

Како што се наведува, голем број студентки пријавиле дека гинекологот Џорџ Тиндал ги вознемирувал во периодот од 1988 до 2016 година.

Тиндал работел на Универзитетот како гинеколог речиси три децении пред да се пензионира во 2017 година по истрагата што ја повел Универзитетот поради докази за сексуално вознемирување во текот на прегледите.

Докторот категорично ги негира тврдењата на студентките.