сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Годинава најтопла во историјата на Шпанија

Годинава најтопла во историјата на Шпанија

Во Шпанија наскоро ќе заврши најтоплата година во историјата на земјата, со просечни дневни температури над 15 Целзиусови степени, соопшти денеска државната метеоролошка служба.

Шпанската национална метеоролошка служба истакнува дека прелиминарните податоци покажуваат дека оваа година ќе биде најтопла од почетокот на евиденцијата во 1961 година.

Четирите најтопли години за оваа јужноевропска земја се евидентирани по 2015 година, се вели во соопштението.

Метеоролозите истакнуваат и дека и покрај неодамнешните врнежи, Шпанија веројатно ќе забележи една од своите најсушни години. Забележано е дека само во 2005 и 2017 година до овој период од годината имало помалку врнежи.