вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Годишната инфлација во Германија надмина пет проценти во ноември, највисоко ниво од 1992 година

Годишната инфлација во Германија надмина пет проценти во ноември, највисоко ниво од 1992 година

Годишната инфлација во Германија надмина пет проценти во ноември, пред се поради ниската споредбена база и повисоките цени на енергијата и храната, се нагласува во најновите податоци на Дестатис објавени денеска.

Потрошувачките цени се зголемија за 5,2 отсто на годишно ниво во ноември, по растот од 4,5 отсто во октомври, соопшти германската статистичка служба, според првата проценка од крајот на ноември.

„Стапката на инфлација се зголеми шести пат по ред и го достигна највисокото ниво оваа година во ноември“, рече претседателот на Дестатис, Георг Тиел.

„Повисока стапка на инфлација беше измерена пред речиси 30 години. Во јуни 1992 година беше 5,8 отсто“, додаде тој.

На месечно ниво, потрошувачките цени паднаа за 0,2 отсто, по растот од 0,5 отсто во октомври, пред се поради сезонскиот пад на цените на пакетите, за 21,6 отсто. Енергенсите поскапеа за 1,8 отсто, а храната за 0,5 отсто во однос на претходниот месец.