вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голем пожар во компанија за матични клетки во Индија

Голем пожар во компанија за матични клетки во Индија

Голем пожар избувна денеска во компанијата „Биоцел“ во индискиот град Тане, во државата Махараштра.

Компанијата „Биоцел“ е вклучена во зачувување на матични клетки, собрани од плодовата течност.

На местото на инцидентот се испратени пет противпожарни екипи. Засега нема информации за евентуални жртви, ниту е позната причината за пожарот.

Несреќата се случи откако вчера пет лица загинаа во пожар во Институтот за серум во Пуне, Махараштра. Објектот се наоѓа на само еден километар од објектот „Ковишилд“ за производство на вакцини.