Во голем пожар во село во јужна Полска делумно или целосно се уништени повеќе од 30 згради, а повредени се девет лица.
Пожарот се случи во селото Нова Бјала, на околу 70 километри јужно од Краков.
Повредените биле пренесени во болница со изгореници, а повеќе од 30 згради се делумно или целосно уништени, доцна синоќа соопштија пожарникарите, пренесува Хина.
Околу 400 пожарникари со часови се бореа со огнот.
Првично не беше јасна причината за пожарот, но според извештаите во медиумите, тој најверојатно избил откако се запалило сено.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки најави помош за повредените и оние кои ги загубија своите домови.