вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голем шумски пожар беснее во турскиот округ Хатај

Голем шумски пожар беснее во турскиот округ Хатај

Голем шумски пожар го зафати денеска турскиот округ Хатај, но засега нема опасност огнот да стигне до населените места во реонот, изјави претставникот на локалните власти Музафер Кетмен.

Досега не се утврдени причините за пожарот, кој беснее во планинскиот предел во близина на градот Антакија.

За гаснење на огнот се ангажирани два авиона и четири хеликоптери, повеќе од 20 пожарникарски возила, како и друга техника, и околу 300 пожарникари.