сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голема трагедија во Милано: Авион се заби во зграда, има мртви – зградата во пламен, остатоци на сите страни (ВИДЕО)

Голема трагедија во Милано: Авион се заби во зграда, има мртви –  зградата во пламен, остатоци на сите страни (ВИДЕО)

Шест лица загинале денеска откако мал авион се забил во празна двоспратна зграда во предградието на италијанскиот град Милано, соопштија италијнаските медиуми. Новинската агенција Ла Прес цитира пожарникари на местото на несреќата дека пилотот и сите пет патници загинале, а нивната националност се уште не е позната, пренесе АП.

Противпожарната служба навела дека никој друг не настрадал во падот на авионот во близина на метро станицата Сан Донато Миланезе, гратче пред Милано. Од службата додаваат дека неколку автомобили кои биле на паркингот во близина на местото на трагедијата се запалиле, но се чини дека немало никој во тој момент, додава АП.

„Скај ТГ24“ наведува дека авионот летал од аеродромот во Линат кон островот Сардинија. Пожарникарите го изгаснале пожарот во зградата која била реновирана.