сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голема трагедија во САД: Најмалку 17 загинати туристи откако брод се преврти поради бура

Голема трагедија во САД: Најмалку 17 загинати туристи откако брод се преврти поради бура

Властите во Соединетите Американски Држави ги пронајдоа телата и на последните четири лица кои исчезнаа кога на езеро во Мисури се превртел брод, со што бројот на загинати порасна на 17.

Туристичкиот брод се преврте на езерот Тејбл Рок, кај Бренсон, во американската држава Мисури.

Спасени се 14 туристи, од кои седум се здобиле со повреди, пренесува АП.

Популарното летувалиште Бренсон, покрај кое е вештачкото езеро Тејбл Рок, се наоѓа на околу 320 километри југоисточно од Канзас Сити.

До превртувањето на бродот дошло поради силна бура.