четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Големи немири во Ерменија: Демонстрантите го претепаа претседателот на собранието (ВИДЕО)

Големи немири во Ерменија: Демонстрантите го претепаа претседателот на собранието (ВИДЕО)

Претседателот на ерменскиот Парламент Арарат Мирзојан беше повреден од демонстрантите во протестите во центарот на Ереван, објави на Фејсбук премиерот Никол Пашинијан.

„Арарат Мирзојан беше претепан од некои ѓубриња. Сега е опериран, ништо не го загрозува неговиот живот”, напиша Пашинијан.

Акциите во Ереван беа поттикнати од изјавата потпишана вчера меѓу рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот лидер Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, која најавува целосен прекин на воените дејствија во Нагорно Карабах.

„Република Азербејџан и Република Ерменија остануваат на своите позиции. Мировниот контингент на Руската Федерација се наоѓа по должината на линијата за контакт во Нагорно Карабах и по коридорот што го поврзува Нагорно Карабах со Република Ерменија“, вели Путин во изјавата.

Исто така, се наведува дека внатрешно раселените лица и бегалците се враќаат на територијата на Нагорно Карабах и околните области под контрола на Високиот комесаријат за бегалци на ООН.