Околу 21,6 милиони Американци го следеа говорот на претседателот Доналд Трамп на завршната Национална конвенција на Републиканската партија која се одржуваше пред Белата куќа во Вашингтон.
Според податоците на агенцијата за следење на ТВ рејтингот „Нилсен“, Доналд Трамп сепак имал помалку гледаност од неговиот ривал на претстојните претседателски избори, Џо Бајден.
Говорот на поранешниот потпретседател и кандидат на Демократската партија на Националната конвенција на Демократите, кога ја прифати номинацијата на партијата, го следеле 24,6 милиони Американци.
И двете конвенции беа одржани виртуелно поради актуелната епидемија на коронавирусот во Соединетите Американски Држави.
„Нилсен“ исто така потсетува дека говорот на Доналд Трамп во кој ја прифати номинацијата на Републиканците во пресрет на претседателските избори во 2016-та година го следеле 32,2 милиони гледачи.