недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалникот на Буча: Руските сили убија 320 цивили, застрелана беше и трудница

Градоначалникот на Буча: Руските сили убија 320 цивили, застрелана беше и трудница

Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук за Би-Би-Си истакна дека руските сили убиле околу 320 цивили за време на окупацијата на град.

Посочува дека лично сведочел на убиството на неколку луѓе од страна на руските сили.

-Видов неколку случаи. Беа тројца цивили во автомобил и се обидуваа да се евакуираат кон Киев, тие брутално беа убиени. Имаше и трудница чиј маж вриштеше и молеше да не ја убиваат, но тие пукаат брутално кон неа, вели Федорук.

Навел дека руските сили „ловеле“ и локални политичари.