петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалникот на Киев: Ситуацијата е тешка

Градоначалникот на Киев: Ситуацијата е тешка

Ситуацијата во Киев е „тешка, но, под контрола“, изјави денеска, градоначалникот на главниот град на Украина, Витали Кличко.

Како што појасни градоначалникот, изминатата ноќ немало жртви, а ноќните експлозии биле од украинската противвоздушна одбрана, што ги гаѓала руските ракети.

Тој додаде дека главната линија на цевководот за централно греење, оштетена од руското гранатирање вчера, ќе биде поправена во текот на денот.