понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалникот на Мариупол со апел: Отворен е хуманитарен коридор, евакуирајте се

Градоначалникот на Мариупол со апел: Отворен е хуманитарен коридор, евакуирајте се

Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко најави дека во 14 часот по локално време (13 часот по македонско) се отворени хуманитарните коридори меѓу Мариупол и Запорожје.

Бојченко најави дека граѓаните ќе можат да се качуваат во автобуси на улицата Таганрогскаја, а треба да застанат до фабриката за челик Азовстал, последното упориште на бранителите на Мариупол.

– Во овие долги и неописливо тешки денови преживеавте во нехумани услови, рече Бојченко и додаде: Бевте во информативен вакуум, без пристап до какви било информации.

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук утринава објави дека планот за евакуација вклучува хуманитарен коридор за деца, жени и стари лица од Мариупол.