понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Грк почина на фестивалот Егзит: Цел ден конзумирал дрога

Грк почина на фестивалот Егзит: Цел ден конзумирал дрога

Управата на светски познатиот музички фестивал Егзит кој се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, упати жалење поради трагичната смрт на еден посетител од Грција.

Откако му се слошило, Гркот бил однесен со Брза помош, но по кусо време починал во болница.

Пријателите што биле со него изјавиле дека тој цел ден конзумирал разни наркотични средства и дека боледувал и од хронична болест.

Од фестивалот Егзит нагласуваат дека секогаш се залагаат за некористење било какви наркотични средства и дека постојано водат кампањи за превенција и за штетноста од дрогата.

Вчера во Нови Сад беше отворен 19 фестивал Егзит со рекорден број посетители од целиот свет.