Нуклеарната централа во Запорожје се уште е во опасна ситуација, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.
Гроси за Би-Би-Си изјави дека се обидува да преговара за безбедна зона околу централата, но нагласи дека ризикот останува.
– Ние сме под огромна опасност. Постои нешто што можеме да направиме во врска со тоа. Тоа би бил голем чекор напред бидејќи е потребно високо ниво на политичка посветеност за да не се напаѓа електраната, рече Гроси, додавајќи дека е многу важно електраната да не се користи како „платформа за војската“.
Гроси неодамна најави план за постојано присуство на МААЕ во сите украински нуклеарни централи.
Шефот на МААЕ вчера во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Му потврдив на претседателот Зеленски воспоставување на наши мисии за поддршка и помош во сите нуклеарни централи на Украина. Исто така, ги продолживме нашите дискусии за безбедносна и сигурна заштитна зона за Запорожје. Работата продолжува. Зоната е од суштинско значење за да се спречи нуклеарна несреќа, напиша Гроси на Твитер по средбата. ј