среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ГРОЗОМОРНО: Си ја убил бремената сопруга и ќеркичките, па ги пријавил за исчезнати (ВИДЕО)

ГРОЗОМОРНО: Си ја убил бремената сопруга и ќеркичките, па ги пријавил за исчезнати (ВИДЕО)

Американецот Кристофер Уотс си ги убил бремената сопруга и ќеркичките, а потоа преку телевизиско интервју тврдел дека се исчезнати.

Откако со денови се правел дека не знае ништо и дека е загрижен татко во потрага по семејството, 33- годишниот Кристофер Уотс од Колорадо, конечно признал дека тој е убиецот на бремената сопруга и своите две ќеркички.

Телото на неговата 34- годишна сопруга Шенон е пронајдено вчера вечер, а по телата на ќеркичките Бела и Селест полицијата и натаму трага.

Сопругата била во 15-та недела на бременоста, а нејзиното возило било пронајдено покрај пат.

Убиецот во средата вечерта гостувал во ТВ интервју на мрежата НБС, каде глумел загрижен сопруг и татко, кој помага во истрагата за исчезнатото семејство.

Ден потоа, вчера, веќе бил уапсен.

Во текот на овој викенд таткото бил сам дома со девојчињата, додека сопругата била на службен пат, од кој се вратила во понеделникот. По нејзиното враќање, во понеделникот во 1 часот по полноќ, Кристофер раскажувал дека разговарале за приватни работи се до 5 часот наутро.

По тоа отишол на работа, од каде пријавил во полиција дека жена му е исчезната бидејќи не му одговара на повиците. Тој во интервјуто во средата рекол дека е очаен што му исчезнала бремената сопруга и девојчињата, а во повеќе американски медиуми се појавила и вест за исчезнатите.

Ова е неговата изјава пред да биде уапсен.