петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Гутереш охрабрен со смирување на тензиите меѓу САД и Иран: Светот не може да си дозволи уште една војна

Гутереш охрабрен со смирување на тензиите меѓу САД и Иран: Светот не може да си дозволи уште една војна

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш е охрабрен од знаците на смирување на конфликтот меѓу Иран и САД.

-Мирот е најважната вредност. За мир е потребно напорно да се работи и не смееме да земаме здраво за готово. Светот не може да си дозволи уште една војна, напиша Гутереш на Твитер.

Тензиите во односите меѓу Иран и САД започнаа кога американски сили во воздушен напад на 3 јануари во Ирак го убија генералот на Иранската револуционарна гарда, Касим Сулејмани.

Иран одговори со ракетирање на две воени бази во Ирак кои ги користат американските војници.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера наведе дека САД се подготвени да прифатат мир со сите кои го бараат. Додаде и дека веднаш ќе бидат воведени нови санкции кон Иран како одговор на нападот.

Аббасадорот на Иран во ОН вчера истакна дека Иран ја заврши својата одмазда за убиството на Сулејмани и нема да превзема нови воени акции.