Израелската војска денеска соопшти дека нејзините повици до Палестинците во Појасот Газа да се евакуираат кон југ, далеку од главниот фокус на војната против Хамас, сега се итни.
-Во изминатите две недели ги повикувавме жителите на северниот дел на Појасот Газа и градот Газа привремено да се преселат на југ. Поместувањето на југ е за нивна безбедност. Денеска нагласуваме дека ова е итен повик, рече воениот портпарол Даниел Хагари на телевизиски брифинг.
Хагари додаде дека бројот на луѓе за кои е потврдено дека се заложници во Газа по прекуграничниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври се искачи на 239.