Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека статусот на Појасот Газа по планираниот копнен напад на Израел врз палестинската енклава е „глобално прашање“ за кое ќе разговараат израелските политичари и други земји.
-Разговаравме за сите видови сценарија за крај, рече контраадмиралот Хагари на брифингот на прашањето дали израелската војска планира да остане и да управува со Газа по копнената инвазија.
Кабинетот, додаде тој, исто така разговара како ова би можело да изгледа.
-Како ќе изгледа ситуацијата во овој регион е исто така глобално прашање, изјави Хагари.
Израел подготвува копнен напад врз Појасот Газа кој е под контрола на Хамас како одговор на смртоносниот напад на терористичката група врз околните градови и кибуци во јужен Израел на 7 октомври.
Од нападот, израелските сили го извршија своето најтешко бомбардирање досега на блокираната и опколена енклава и собираат копнени трупи за напад.