среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хакерски напад на менувачница за криптовалути- одземени 31 милион долари

Хакерски напад на менувачница за криптовалути- одземени 31 милион долари

Јужнокорејската менувачница за криптовалути „Битхамб“ соопшти денеска дека хакери украле виртуални валути во вредност од 31 милион долари.

Таа менувачница која е втора по големина во Јужна Кореја посочу дека хакерскиот напад се случил меѓу вторникот вечерта и средата наутро, пренесува АП.

„Битхамб“ додава дека по хакерскиот напад го прекинале тргувањето и промена на криптовалути.

Засега не е соопштено кои криптовалути се украдени.

Тоа е последен во низата сајбер напади на менувачници за криптовалути кои предизвикаа загриженост кај инвеститорите за безбедност.

Хакери претходно овој месец изведоа сајбер напади на менувачницата „Коинрејл“ и наводно украле виртуални валути во вредност од 37 милиони долари.