петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хамас ги повика жителите на Газа да НЕ се евакуираат

Хамас ги повика жителите на Газа да НЕ се евакуираат

Хамас ги повика Палестинците да останат во своите домови откако Израел издаде наредби за евакуација во Газа.

Управата за бегалци на Хамас денеска ги повика жителите на северот на територијата „да останат одлучно во своите домови и да застанат цврсто пред оваа одвратна психолошка војна што ја води окупацијата“.

Израел нареди евакуација на северниот дел на Газа, вклучувајќи го и градот Газа, дом на стотици илјади луѓе. Палестинците можат да заминат само на југ во Газа бидејќи Израел целосно ја затвори територијата.

ОН соопштија дека 400.000 Палестинци веќе се раселени. (МИА)