петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хамас тврди дека во израелските воздушни напади во текот на ноќта загинале 80 луѓе

Хамас тврди дека во израелските воздушни напади во текот на ноќта загинале 80 луѓе

Владата на палестинското исламистичко движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, соопшти дека во текот на ноќта во израелските воздушни напади загинале 80 лица.

Во нападите се повредени стотици луѓе, се вели во соопштението на канцеларијата за комуникации на владата на Хамас во Газа.

Од почетокот на израелското бомбардирање на цели на Хамас во Појасот Газа по терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври извршен од милитантите на движењето, на палестинска територија загинаа илјадници луѓе, од кои повеќето цивили.