понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Хаос во Австрија: Најмалку 10 лица го загубија животот во лавини, се трага по исчезнатите (ФОТО)

Хаос во Австрија: Најмалку 10 лица го загубија животот во лавини, се трага по исчезнатите (ФОТО)

Над илјада лица и натаму се отсечени во австриските Алпи. Тамошните медиуми синоќа јавија дека се пронајдени телата на девојката и момче по кои се трагаше од неделата.

Дваесет и три годишната девојка и нејзиниот 28 годишен партнер се нашле на патот на лавината која ги отфрлила и затрупала со две метри снег

Потрагата по нив била отежната бидејќи на подрачјето на кое биле исчезнати постоела опасност од нова лавина, при што во еден момент потрагата била и прекината.

На друго подрачје се трагало и по двајца туристи.

-Поради многу опасна ситуација, за жал мора да ја прекинеме потрагата. Последно што сакаше е мртов спасувач, изјавил шефот на локалната горска служба за спасување.

Дел од медиумите јавуваат дека потрагата по исчезнатите е многу опасна, а спасувачките екипи се во постојана готовност.

-Не знаеме дали веднаш ќе тргнеме на терен. Одлуката е тешка. Секој од нас сака да помогне, но на сите животите ни се во голема опасност од лавина, вели водичот на спасувачките екипи во Горна Австрија каде се очекува уште еден метар снег.

Некои австриски медиуми пишуваат дека се очекува нова количина на снег каква се гледа еднаш во 10 години.

Според последните информации во лавините во Алпите животот го загубија 10 лица, меѓу кои тројца Германци.