Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градинка во градот Бровари во киевската област.
– Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на авионската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.
Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.
Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.
As a result of a helicopter crash in Brovary Minister and Deputy Minister of Internal Affairs of Ukraine died. Emergency Service helicopter crashed at local kindergarten. 16 dead, two of them children. Terrible tragedy. pic.twitter.com/KiKR5ItDoI
— Maria Avdeeva (@maria_avdv) January 18, 2023