Иранските безбедносни сили денеска пукаа врз демонстранти во два курдски града, соопшти иранската група за човекови права Хенгав.
„Безбедносните сили пукаат врз демонстрантите во Санандајанд Сакез“, објави на Твитер профилот Тавсир 150.
Се додава дека полицијата употребила и солзавец.
Групите за права велат дека повеќе од 150 луѓе се убиени, стотици повредени и илјадници уапсени во акцијата на иранските безбедносни сили по антивладините протести што избувнаа минатиот месец, по смртта на младата Иранка, Маша Амини (22), која беше приведена од полиција за морал, поради наводно прекршување на правилата за носење хиџаб. Протестите започнаа по нејзиниот погреб, се проширија низ целата земја и станаа најголемите немири видени во земјата во последните години, потсетува британската агенција. (МИА)