Либанската милитантна група Хезболах повика денеска да биде „Ден на гневот“ поради нападот врз болница во Појасот Газа при што загинаа стотици луѓе.
За Хезболах нападот е масакр извршен од стана на Израел.
– Утре, среда, нека биде Ден на гнев против непријателот“, повика синоќа Хезболах, сојузник на Хамас во Газа.
Во соопштението се осудува „масакрот“ и „бруталното злосторство“.
Палестинското Министерство за здравство сионоќа соопшти дека „во израелски напад“ врз болницата во градот Газа, загинале повеќе од 200 лица, како и дека голем број се под урнатините. Луѓето биле во круг на болницата за да се засолнат од израелската офанзива.