сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УНРВА: Недостигот на гориво има катастрофални последици врз Појасот Газа

УНРВА: Недостигот на гориво има катастрофални последици врз Појасот Газа

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA) објави дека недостатокот на гориво има „погубни последици за болниците, пекарниците и погоните за вода“ во Појасот Газа.

„Залихите на гориво за здравствените установи ќе бидат целосно исцрпени за неколку дена, што го става во ризик обезбедувањето на здравствените услуги“, се наведува во соопштението, пренесува Ал Џезира.

Оттаму додаваат дека оштетувањата врз водоводната и санитарната инфраструктура, како и ограничената достапност на горивото, создава дополнителни ризици за јавното здравје на жителите на Појасот Газа.