петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во нападите врз бегалскиот камп Џабалија загинаа 195 луѓе

Во нападите врз бегалскиот камп Џабалија загинаа 195 луѓе

Владата на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека во израелските напади оваа недела врз бегалскиот камп Џабалија, загинале 195 луѓе.

– Жртвите на првиот и вториот масакр во Џабалија надминаа 1.000, вклучително и маченици и повредени, се наведува во соопштението на владата на Хамас.

Во соопштението се посочува дека помеѓу загинатите се 195 маченици, 120 се водат како исчезнати под урнатините и 777 се повредени.