петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ужасна статистика: Бројот на загинати во Појасот Газа се искачи над 8.306 луѓе, од нив 3.457 се деца

Ужасна статистика: Бројот на загинати во Појасот Газа се искачи над 8.306 луѓе, од нив 3.457 се деца

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека бројот на загинати од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас се искачи на 8.306 луѓе.

Во борбите што почнаа на 7 октомври повредени се 21.000 лица.

Според палестинското Министерство за здравство помеѓу загинатите 3.457 деца и 2.136 жени.

Жртвите на нападот на Хамас врз Израел се 1.400 луѓе, а над 200 лица, меѓу кои и странци, беа земени како заложници и однесени во Појасот Газа.  (МИА)

Фото: ЕПА