четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ХОРОР: Девојка силувана од 14 мажи се самозапали и се бори за живот

ХОРОР: Девојка силувана од 14 мажи се самозапали и се бори за живот

Девојка од Индија се самозапали откако нејзиниот татко ја продал за нешто повеќе од 100 евра на човек кој ја силувал со своите пријатели.

Според „Дејли мејл”, девојката има околу дваесет години и презела екстремна мерка, откако полицијата не сторила ништо.

Сега е во болница во Газиабад, недалеку од Делхи и се бори за живот. 80% од нејзиното тело беше изгорено.

Страшната снимка од моментот кога гореше беше објавена на социјалните мрежи. На видеото, таа ја обвинува полицијата дека не презела ништо.

Полицијата, исто така, одговори на обвинувањата на шефот на Женската комисија во Делхи, Сват Маливал, наведувајќи дека полицијата не ја одбила девојката, туку дека истрагата е во тек.

Според првите информации, полицијата идентификувала 14 лица осомничени за силување, но никој не бил уапсен.

Сега тие истражуваат дали девојката сама се запалила или можеби некој друг го сторил тоа.