сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ХОРОР НА ХАВАИ: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод (ФОТО)

ХОРОР НА ХАВАИ: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод (ФОТО)

Најмалку 23 лица се повредени во ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваите, кога исфрлената лава паднала врз туристички брод.

Повеќето од повредените се здобиле со изгореници. Вулканот исфрлил големи парчиња растопени карпи а едно од нив го пробило покривот на бродот.

Сопственикот на бродот, Шејн Турпин ја носел туристичката група кон Килауеа токму да им го покаже истекувањето на лавата од вулканот во кој пролетоска се појавија нови потоци на лава кои уништија над 700 домови.