Во Џенова запленети се над 400 килограми кокаин, кој бил скриен во контејнер во кој имало кафе од Бразил, а на бродот покрај дрогата, пронајден е и заклан морнар (50), државјанин на Србија, јавуваат светските медиуми.
Според италијанските медиуми, на бродот биле запленети точно 445 килограми кокаин.
-Камионот MSC Adelaide вплови во пристаништето во Џенова во неделата. Со детален преглед е утврдено дека дрогата била во контејнер во кој имало кафе, имало речиси 450 килограми дрога, која била обложена во некои кеси, пренесуваат тамошните медиуми и додаваат:
Инспекторите уапсија двајца мажи, кои ги нашле на бродот. Станува збор за Кулмва Камал и Фабио Папе. Потоа еден од нив бил фатен како зема кеси од контејнер кој бил ставен во просторот за видео надзор.
Вредноста на запленетата дрога на пазарот би била 30 милиони евра.
Италијанските медиуми пишуваат дека по контролата на бродот е пронајдено тело на Србин.
-Заклан е српски морнар, му го пресекле грлото. Наредена е обдукција на Србинот, по што ќе се знае како е заклан, пишува италијанска Џенова24.
Италиските медиуми наведуваат дека се истражува смртта на Србинот, а не е исклучена можноста тој да се самоубил. Но, сомнително е што оружјето не е пронајдено.
-Оружјето, нож или можеби секач со кој му е пресечено грлото на морнарот не е пронајдено, а неговите колеги од бродот во полиција изјавиле дека најверојатно се самоубил. Овие нивни наводи детално се проверуваат, пишуваат медиумите.
Според медиумите, истрагата е во тек.
Бродот ќе остане закотвен во пристаништето неколку дена, за да се овозможи истрагата.